Полицијата во Велес синоќа, 7 август, го лиши од слобода С.М. (50) од село Ореше, општина Чашка, поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно предизвикал пожар.
„Тој се сомничи дека на 6 август околу 12 часот предизвикал пожар во реонот на село Папрадиште кон село Ореше, при што изгорела поголема површина со нискостеблеста шума и остатоци од сеча. Од него биле одземени предмети за кои постои сомнение дека се поврзани со делото, а во службен разговор во полициска станица тој го признал делото“, известуваат од МВР.
За настанот е известен јавен обвинител и поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело.
Инаку, пред три дена полицијата го лиши од слобода Г.К. (54) од село Штавица, прилепско, поради сомнение дека предизвикал пожар. Претходно, на 31 јули МВР Свети Николе го приведе М.Ј. (31) поради предизвикување пожар кај местото „Крушки“, додека три дена пред тоа беше приведен и С.Р. од селото Али Коч, радовишко бидејќи подметнал пожари во близина на селото.