УНРВА: 205 хуманитарни работници загинаа во Газа од 7 октомври

205 хуманитарни работници се убиени во Газа од 7 октомври, објави денеска Агенцијата на ОН за палестински бегалци УНРВА.

Како што пренесува “Анадолу„ израелските напади резултирале и со цивилни жртви, раселување на луѓе, уништување на станбени објекти и јавна инфраструктура.

Во соопштението, исто така, се нагласува дека повеќе од 1,9 милиони луѓе (или девет од десет луѓе) низ Појасот Газа се внатрешно раселени а здравствниот систем е едвај функционален.

Од УНРВА велат дека максимално се трудат да го подобрат здравствниот систем во Газа, обезбедувајќи здравствени услуги во 10 примарни здравствени центри и во 100 мобилни медицински пунктови низ Појасот Газа“.

Инаку војната во Газа започна по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година. Според локалните здравствени власти, оттогаш се убиени речиси 39.700 Палестинци, главно жени и деца, а над 91.700 се повредени.