Дијана Петрова за расказот „Јоанес Даубманус“ ја доби наградата „Живко Чинго“

Дијана Петрова е автор на расказот „Јоанес Даубманус“ под шифра: „Фанатик“ кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“.

Комисијата во состав: проф. д-р Димитар Пандев, претседател, д-р Иван Џепароски, член и Славе Ѓорѓо Димоски, член, го издвои награденото дело како пример за постмодернистичка наративна постапка, проткаена со ироничен призвук и сместена во македонски книжевен контекст.

Дијана Петрова е родена 1992 година во Делчево. Дипломирала на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ Скопје, Катедра за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавувала есеи и раскази низ повеќе списанија за литература. Ги објавила книгите: „Бдеењето над себе“, „Не правете им сенка на гробовите“ и „Излегувањето од сенка (Тајното женско училиште)“. Работи како професорка по македонски јазик и литература.

Наградата за најдобар расказ на Дијана Петрова ќе и биде доделена во рамки на манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ што ќе се одржи на 13 август во неговото родно место Велгошти.

Радио МОФ разговараше со Петрова за нејзиниот последен роман, за препреките и предностите да се биде писател како и за важноста за познавањето на мајчиниот јазик. Во продолжение прочитајте го целото интервју.

Дијана Петрова: Најсигурен начин никој да не ни го „земе“ јазикот е да го знаеме и познаваме