Ја убиваат ли компјутерите македонската кирилица?- ова беше темата на првото предавање на Типокујна 2013, кое вчера се одржа во амфитеатарот на Архитектонскиот факултет.
На него беше прикажана презентацијата на Ласко Џуровски(графички дизајнер, типограф) која отвора голем број прашања за употребата на кириличното писмо и модерните медиуми.
Погледнете и проценете:
Ласко Џуровски се занимава со графички дизајн и типографија околу 30 години. Член на TDC – Type Directors Club од Њујорк од 2000 година. Автор е на 4 фонт фамилии со вкупно 80 фонтови наменети за ексклузивна употреба во Владата на РМ, како и за слободна дистрибуција, исто така и на 20-тина авторски фонт фамилии со околу 200 фонтови. Во моментов работи на развивање на неколку фонт фамилии за странски компании.