Вечерва почнува 36. Поетска ноќ во Велестово

Вечерва (16 август) почнува 36. издание на манифестацијата „Поетска ноќ во Велестово“ во истоименото охридско село. Оваа година публиката ќе има можност да ужива во стиховите на поети од Велика Британија, Ирска, САД, Хрватска, Србија и Македонија,

„Оваа година наместо преку беседа, творештвото на поетот во фокус ќе биде претставувано преку разговор, во дослух со современите трендови. Исто така, се воведува настанот „Поетско интермецо“ преку кој странските поети ќе имаат можност да читаат и пред публиката во Велестово, а не само во Охрид“, велат организаторите.

Според програмата, птворањето на манифестацијата е во Велестово со „Езеро“ ‒ мал музички концерт на хрватската кант-авторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ. Потоа следува поетскиот портрет на Елизабета Баковска, настанот „Поетско интермецо“, а вечерта ќе биде затворена со изложбата на фотографии „Паметници на заборавот“ од Сашо Димоски, во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“.

На програмата е и интернационалното поетско читање „Мозаик“ со настап на поетите Патрик Котер (Ирска), Фиона Сампсон (Белика Британија), Иван Херцег (Хрватска), Марко Ѓорѓевиќ (Србија), Минг Ди (Кина/САД), Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Христина Цветаноска од Македонија.

Цела програма може да ја најдете ТУКА.