ЦУК: Утрово активни се 13 пожари, 8 се под контрола

Во Македонија вчера имало вкупно 48 пожари на отворен простор, од кои во моментов 13 се активни, 8 се под контрола, а 27 се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во моментов активни пожари има во:

1.Општина Македонски Брод: Јасен – викенд населба Белица (борова шума);

2. Општина Ресен и Општина Охрид: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, Општина Ресен, додека на Охридска територија на запад кон месноста Војтино и на север кон планинарска куќа (нискостеблеста вегетација и букова шума);

3. Општина Долнени 1: с.Дебреште, крак кон с.Зрзе, како и крак кон с.Крапа, Општина Македонски Брод (нискостеблеста деградирана шума, сува трева);

4. Општина Новаци: с.Полог – Брник –Рапеш (ниска вегетација, деградирана шума);

5. Општина Кичево 1: с.Цер, планина Лубен, проширен е кон селата Брезово и Зашле, Општина Демир Хисар (нискостеблеста деградирана шума, сува трева и ниска вегетација);

6. Општина Кичево 2: с.Патеец – с.Козичино, проширен кон с.Дупјани (борова и букова шума);

7. Општина Пласница: с.Пласница – с.Латово, Македонски Брод (нискостеблеста вегетација);

8. Општина Македонски Брод 2: с.Девич м.в.Вртешка (мешана шума);

9. Општина Дебар: с.Гари на планина Стогово (мешана шума);

10. Општина Чашка: с.Мокрени (нискостеблеста дабова шума);

11. Општина Маврово -Ростуше 1: с.Врбен (мешана шума);

12. Општина Маврово – Ростуше 2: врв Кораб (нискостеблеста вегетација) –префрлен од Албанија;

13. Општина Долнени 2: с.Небрегово (3 ТППЕ) (нискостеблеста шума) –префрлен од Општина Чашка од планина Мукус.

Од ЦУК велат дека под контрола се следните пожари:

1.Општина Валандово: с.Казандол, м.в. Чештово (нискостеблеста шума, прнар, сува трева);

2. Општина Македонска Каменица: с.Цера – повторно се разгорел на еден крак;

3. Општина Македонски Брод: с.Грешница (мешана шума);

4. Општина Демир Хисар: Илинска-Плакенска Планина, кај селата Вирово и Слоештица (ниска вегетација);

5. Општина Делчево: Депонија Делчево (депонија);

6. Општина Чашка 1: с.Папрадиште и с.Ореше (мешана шума);

7. Општина Чашка 2: Планина Мукос кон с.Дреновци, Општина Прилеп (мешана шума);

8. Општина Василево: м.в.Карбино (ЗИК Слобода) према с.Владевци (нискостеблеста шума, стрништа, сува трева, грмушки);

Изгаснати се следните пожари:

1. Општина Битола 1: с.Острец (сува трева, мешана шума);

2. Општина Битола 2: м.в.Петилеп (сува трева);

3. Општина Прилеп: помеѓу бензиските пумпи на „Салида„ и „Лук Оил“ на регионалниот пат Прилеп – Скопје (сува трева);

4. Општина Долнени 1 : с.Дреновци (ниска вегетација);

5. Општина Долнени 2: с.Браилово (ниска вегетација и стрниште);

6. Општина Чешиново – Облешево: с.Уларци (стрниште);

7. Општина Птобиштип 1: с.Ратковица (мешана шума);

8. Општина Пробиштип 2: с.Лезово (нискостеблеста вегетација);

9. Општина Пехчево: с.Негрево (мешана шума);

10. Општина Ресен : с.Болно – с.Илино (букова шума);

11. Општина Кавадарци: с.Ваташа, м.в.Фуштани (ниска вегетација и сува трева);

12. Општина Куманово 1: локалитет Менкова Колиба (стрниште и сува трева);

13. Општина Куманово 2: с.Сопот (сува трева);

14. Општина Куманово 3: нас.Средорек (ѓубре);

15.Општина Липково: с.Никуштак (депонија);

16. Општина Старо Нагоричане: с.Младо Нагоричане (стрниште и сува трева);

17. Општина Желино: с.Чифлик (сува трева);

18. Општина Гостивар 1: с.Балиндол ( сува трева);

19. Општина Гостивар 2: с.Неготино (сува трева);

20.Општина Врапчиште: с.Врабчиште ( сува трева);

21. Општина Радовиш: с.Подареш (депонија);

22. Општина Сарај 1: с.Кондово (ѓубре и сува трева);

23.Општина Сарај 2: с.Глумово (сува трева);

23. Општина Гевгелија: с.Давидово (грмушки и сува трева);

24. Општина Кичево: с.Аранѓел (ниска вегетација и стрниште);

25. Општина Тетово: с. Порој (сува трева);

26. Општина Струга 1: с.Велешта – с.Долна Белица (стрништа и сува трева);

27. Општина Струга 2: с.Мороишта – с.Мислешево (стрништа и сува трева);