Јапонија користи вештачка интелигенција за да се справи со отсуството на учениците и да ги подобри условите во училиштата, пишува „Анадолу“.
Градот Тода од март годинава, користи вештачка интелигенција да ги анализира податоците од учениците и да се бори против неодењето на училиште. Овој систем за вештачка интелигенција, тестиран во текот на изминатата година, има за цел да им помогне на наставниците во идентификувањето и поддршката на учениците кои се борат со тој проблем.
Вештачката интелигенција евалуира различни метрики, меѓу кои евиденција за присуство, постигнувањата на учениците, здравствената состојба и извештаи за евентуален булинг.
Макико Накамуро, професор на Универзитетот Кеио, истакна: „Со користење на објективни податоци, се надеваме дека ќе ги смотивирааме учениците да одат на училиштето.“
Оваа иницијатива е дел од поширокиот тренд на интеграција на вештачката интелигенција во Јапонија. Во Токио, властите ја воведоа вештачката интелигенција за да го подобрат времето за одговор при катастрофи, а јапонски синџир супермаркети имплементираше вештачка интелигенција за да го измери задоволството на вработените преку изразите на лицето.