Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од алтивизам, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. Волонтери цртаа мурали во дневниот центар „Сумнал“ по повод Меѓународниот ден на млади

Со четки и боја во рацете, млади волонтери вчера, го разубавуваа просторот во дневниот центар за развој на ромската заедница „Сумнал“ сликајќи цртежи и шарени мурали по повод Меѓународниот ден на млади.

Акцијата, „Време е за активизам“ во организација на Младинскиот образовен форум (МОФ) преку креативен процес ги сплоти на едно место младите, но и повозрасните од различни културни средини.

За Радио МОФ, тие велат дека процесот на волонтирање и активизам им помага полесно да се запознаат но и да си помогнат едни со други.

Волонтери цртаа мурали во дневниот центар „Сумнал“ по повод Меѓународниот ден на млади

 

Сојузот за младинска работа информира дека е отворен нов Младински центар во Македонски брод. Тој се наоѓа во самиот центар на градот, сместен на улицата „Партизанска“ бр. 22, во непосредна близина на СОУ „Св. Наум Охридски“.

„Со отворањето на овој центар, младите во Македонски Брод добија нов, безбеден и инспиративен простор за собирање, учење, забава и развој. Младинскиот центар ќе нуди различни активности и програми кои ќе ги поттикнуваат младите луѓе да се вклучат во заедницата и да го развиваат својот потенцијал на лично и професионално ниво“, соопштуваат од Сојузот.

[Фото] Отворен нов Младински центар во Македонски Брод