ЦУК: Два активни пожари, гори во општините Чашка и Студеничани

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во текот на изминатото деноноќие, имало вкупно 25 пожари на отворено од кои два се уште активни, два се ставени под контрола а 21 се изгаснати.

Активни пожари има во Општина Чашка, во атарот на селото Степанци и во Општина Студеничани, кај селото Црвена Вода.

Под контрола се пожарите кај селото Цер, Општина Кичево и на планината Галичица кај местото викано Зли Дол, Општина Охрид.

Изгаснати се пожарите во Општините Демир Хисар, кај Плакенска планина, два во Карпош, во Арачиново, Шуто Оризари, Чучер Сандево, во Илинден, Гостивар, Врапчиште, Брвеница, Радовиш, Македонски Брод, три во Струга, во Кичево, Ново Село, Старо Нагоричан, Штип, Берово и во Прилеп.