Арсовска му додели признание на средношколецот Средар Цветков кој освои прво место во Европа и петто во светот на глобалниот MOS натпревар

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денес му додели признание и парична награда на Сердар Цветков од средното училиште на град Скопје „Михајло Пупин“, кој го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот MOS (Microsoft Office Specialist World Championship) натпревар кој традиционално секоја година се одржува во Калифорнија, САД.

„Овој успех е уште една потврда за талентот на нашите средношколци и на квалитетот на наставниот кадар кој вложува за подигнување на дигиталната писменост кај младите во Скопје. Во конкуренција од над 130 натпреварувачи од повеќе од 80 земји на најголемиот глобален натпревар за дигитална писменост, нашите млади таленти покажаа дека Македонија има со што да се гордее“, велат од Град Скопје.

Учеството на македонскиот тим беше овозможено од Семос едукација, со поддршка од Град Скопје и ЦертАдриа.

Средношколецот Сердар Цветков го освои првото место во Европа и петтото место во светот на глобалниот MOS натпревар