Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) изрекоа казни на месарница и супер маркет во Скопје и ресторан во Битола поради небезбедна храна, пренесува Мета.
Казната на месарата е изречена поради нечитки декларации како и за невршење на задолжителни лабораториски тестирања.
Супер маркетот е казнет е со 1000 евра за правното и 400 евра во денарска противвредност за одговорното лице поради продажба на небезбедна храна – храна без и со нечитки декларации, невршење на задолжителни лабораториски тестирања.
Истиот оператор дополнително е казнет со иста казна ( 1000 евра за правното и 400 евра за одговорното лице ) бидејќи продавал и производи и материјали кои доаѓаат во конткат со храната без за тоа да има добиено одобрение од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Вчера, бил спроведен и вонреден инспекциски надзор и во Битола, поради продажба на недекларирано месо од различни видови и категории, пласман на неозначена храна и продажба на храна со поминат рок, на ресторан во овој град изречена му е прекршочна санкција и издадено му е решение за отстранување на утврдени недоследности.
Затекнатата небезбедна храна во количина од 40 килограми е нештетно уништена.