Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

Преку Платформа на „О2 Иницијатива“, граѓаните можат да се вклучат во борбата против корупцијата во урбанизмот

Поврзаности или нерегуларности меѓу институции, инвеститори, планерски куќи, градоначалници, советници, членови на комисии кои одлучуваат за ДУП-ови… Целата можна коруптивна спрега во урбанистичкото планирање отсега ќе можат полесно да ја дознаат, препознаат, но и да реагираат и самите граѓани преку нова Плаформа на „О2 Иницијатива“.

Преку Платформа на „О2 Иницијатива“, граѓаните можат да се вклучат во борбата против корупцијата во урбанизмот

[Видео] Од другата страна на слушалката на бројот за итни повици 112

Рекорден број од 3.159 повици неодамна беа регистрирани на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 кој ги заменува броевите на итните служби.

Десетици оператори во главниот Национален центар за итни повици кој работи 24/7, но и во седум други канцеларии кои работат во смени во поголемите градови секојдневно се соочуваат со секакви случаи и предизвици.

Како е од другата страна на слушалката на бројот за итни повици 112, погледнете повеќе во видеото на Радио МОФ.

[Видео] Од другата страна на слушалката на бројот за итни повици 112

Сите средношколци од 1 септември ќе добијат бесплатни билети за ЈСП, освен оние од приватните средни училишта

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) информираше дека учениците од прва година средно ќе ги добијат бесплатните билети во матичните училишта. Учениците од повисоките одделенија, во случај да имаат потреба од нова персонализирана електронска картичка „Скопска“ (поради изгубена картичка и слично), нова/дупликат можат да обезбедат во кој било центар за персонализација на ЈСП Скопје.

Оваа информација се однесува само на учениците кои новата учебна година ќе ја започнат во јавните средни училишта во Скопје. Средношколците кои својот избор го направиле за приватно училиште и оваа година ќе продолжат да плаќаат доколку го користат јавниот превоз.

Сите средношколци од 1 септември ќе добијат бесплатни билети за ЈСП, освен оние од приватните средни училишта

[Интервју] Алекс Нантаја: За мене како диџеј, гужвата е секогаш движечки фактор

Алекс Нантаја е млада диџејка од Швајцарија која пред македонската публика настапи на еко-фестивалот „Sound of Green“ кој се одржа се во Младинскиот културен центар. Нејзините електронски сетови карактеризирани како грув техно ја доведоа да настапува со најголемите музички имиња во Швајцарија на големите сцени на „Нордстерн“, „Д! Клуб“ и „Ле Зоо/Узин“.

[Интервју] Алекс Нантаја: За мене како диџеј, гужвата е секогаш движечки фактор

[Интервју] Орфија: Солидарноста меѓу уметниците е најдобар начин да се развива здрава сцена

Лорис Капелини кој настапува под името Орфија (Orphia), има 24 години и е дел од независната музичка сцена во Женева, Швајцарија. Креира музика категоризирана како дел од хипнотизирачкиот електронски студен бран, инспириран од златната ера на краутрокот. Орфија дава носталгично музичко доживување, спојувајќи синтисајзери, вокали и машини за тапани.

[Интервју] Орфија: Солидарноста меѓу уметниците е најдобар начин да се развива здрава сцена

БОНУС:

#НизТвојотОбјектив – Избор фотографии од Марко Тошанов