Гоце САФ, Пајак и Иван Ајнштајн ќе настапуваат на првото издание на музичкиот фестивал „Ајде фестивал“ што ќе се одржи утре (4 септември) во 18 часот во паркот Васко Карангелески во Општина Аеродром.
„Музичката програма предвидува шаренолика приказна за да ги задоволи вкусовите како на помладата популација така и на повозрасните посетители, па на сцената ќе ги видиме Диџеј Тина, Блек Хол Бенд, Рокенрол концерт на музичкото училиште Мјузик Лаб, настап на Раперот и јутубер Иван Ајнштајн, миленикот на младите Пајак и завршува со легендата на македонската рап музика Диџеј Гоце САФ“, се вели во најавата.
„Ајде Фестивал“, велат организаторите, е инклузивен и хуманитарен фестивал каде заедно со здружението Во Мојот Свет ќе има работилница за децата со атипичен развој и изложба на младиот уметник Филип Циглењак Симоновски, како и низа Хуманитарни акции.
За време на фестивалот ќе има и саем на млади и компании каде ќе може да се добијат информации за вработување и едукација.