Аудиции за новите „Поточиња“ од 11 до 13 септември

Детскиот музички фестивал „Поточиња“ догодина ќе има ново издание, па по тој повод од 11 до 13 септември од 18 до 19 часот во основно училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во населбата Аеродром се организира серијал од аудиции за прием на нови членови – учесници.

„Идните Поточиња ќе биде потребно да отпеат една омилена песна по избор и притоа да понесат широка насмевка бидејќи мисијата на Поточиња е среќни, весели и безгрижни деца“, велат организаторите.

Пријавувањето се врши на лице место, а аудицијата е за деца на возраст од 5 до 10 години.

„Додека новите Поточиња се подготвуваат за долгоочекуваната аудиција, да се потсетиме како изгледаше последното 21. издание на фестивалот, кое дури седум пати ја исполни до последното место големата сала на Македонската Филхармонија“, додаваат тие.