Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Младите во Македонија немаат јасни ставови за повеќето прашања поврзани со нивната безбедност и сигурност. Тие не ја сметаат земјата ниту за безбедна, ниту за небезбедна. Што се однесува на безбедноста во државата во следните пет години, повеќето млади се на ставот дека состојбата ќе остане иста, додека повеќе од една четвртина се песимисти дека ќе биде полошо. Истовремено, скоро секој петти млад човек доживеал или бил сведок на насилство, а само 26% од младите го разбираат концептот за градење мир и не учествуваат во мировни акции и иницијативи.
Заклучоците од последното истражување на ОБСЕ за младите и безбедноста покажува дека тие имаат амбивалентни, контрадикторни ставови, а тоа важи и меѓу возрасните и етничките групи, како и низ регионите во земјата.
„Младите немаат доволно информации за безбедносните прашања што ќе им помогнат да ги артикулираат своите ставови. Дополнително, амбивалентниот став може да биде и резултат на недостаток на разбирање и интерес за клучните концепти, политики и практики и недостаток на вклучување на младите во креирањето политики поврзани со безбедноста и сигурноста“, стои како заклучок на истражувањето подготвено од ИНДАГО ДООЕЛ Скопје, Боге Божиновски и Елизабета Марковска Спасеноска.
Од младите било побарано да изберат колку безбедно се чувствуваат на различни места. Соседството е најбезбедното место за младите (81%), додека дигиталното опкружување е најмалку безбедно (43%).
„Младите жени се чувствуваат помалку безбедно во споредба со младите мажи“, стои во истражувањето.
Во однос на безбедноста на јавни локации, мнозинството млади луѓе се чувствуваат речиси подеднакво опуштено во јавниот превоз (53%) и на јавните плоштади, места за пешачење и велосипедски патеки (54%).
Недостигот од културни и спортски активности и недостатокот на можности за развој се најголем товар за младите во моментов, а потоа следуваат невработеноста и економските проблеми.
Младите се најмногу загрижени за организираниот криминал (7,1, на скала од 1 од 10), проследено со природни катастрофи (6,9) и можноста за избивање вооружен конфликт во Западен Балкан (6,7).
„Најмалата загриженост кај младите е поврзана со групите спортски навивачи што понекогаш може да бидат насилни за време и по спортски настани (5,7). Младите жени покажуваат повисока загриженост отколку младите мажи за овие феномени. Во однос на семејното насилство, како еден од факторите што ги загрозуваат сигурноста и безбедноста, младите жени се значително позагрижени од младите мажи“, се вели во истражувањето.
Од аспект на концептот за градење мир, само 26% од младите разбираат што тоа значи. Оние што живеат во мултиетнички заедници поблиску им е овој концепт, бидејќи се изложени на разни активности за градење мир. Последователно на сето ова, младите не покажуваат активизам и желба да учествуваат во акции и иницијативи за мир и безбедност. Низок процент се оние што волонтирале во културни настани, екоакции, формални и неформални едукативни активности и спортски настани.
„Граѓанските протести и политичките активности се најмалку популарни активности за промовирање на овие концепти. Мнозинството млади луѓе (87%) не слушнале за активности на властите поврзани со градењето на мирот и безбедноста“, велат истражувачите.
Интересно е што младите одговорностите за градење мир ги лоцираат претежно на национално ниво и кај државните институции, додека локалната власт, која треба да биде прва инстанца за безбедност и мир во локалните заедници, е на четврто место (22%).
Во однос на насилниот екстремизам и радикализација, мнозинството млади (53%) сметаат дека радикализацијата не е проблем во нивната заедница. Сепак, за 38% од младите, радикализацијата е загрижувачка.
„Политиката е избрана како главен двигател на радикализацијата од 58% од испитаниците, а потоа следуваат економските разлики (40%) и религијата (37%). Младите се свесни за присуството на радикализација во дигиталниот простор. 23% од испитаниците сметаат дека дигиталниот простор е важен двигател на радикализацијата“, стои во документот.
Скоро пола од испитаниците, борбата против дезинформациите е најважниот фактор како одговор на радикализацијата, а потоа следуваат економските можности и вработување, еднаква распределба на стоки и услуги.
Истражувањето има и посебен дел за „насилство“. Повеќе од половина (59%) изјавуваат дека насилството е „целосно присутно“ или „донекаде присутно“ меѓу младите.
Главните три причини што го мотивираат насилничкото однесување кај младите се чувството на неправда (40%), разочарувањето од нивниот социјален статус (39%) и недостатокот на семејна поддршка (34%). Многу блиску го оценуваат и недостатокот на поддршка од институциите (33%).
„Речиси секој петти млад човек (18%) вклучен во истражувањето доживеал или бил сведок на насилство или и двете. Од оние што доживеале насилство, главно доживеале или биле сведоци на вербално насилство (80%) и физичко насилство 74%. Физичкото насилство доминира во изјавите на младите мажи, наспроти 66% од младите жени. Од друга страна, вербалното, социјалното и психичкото насилство доминира кај младите жени“, се вели во истражувањето.
Меѓу другото, истражувањето го третира и сајбермалтретирањето, односно оној специфичен вид насилство кога некој е злобен, нељубезен или се исмејува со другите кога испраќа или става навредливи пораки или слики на компјутер или преку телефон.
„Речиси половина од испитаниците (42%) во истражувањето се чувствуваат ‘безбедно’ или ‘целосно безбедно’ кога користат интернет, додека уште 20% не се чувствуваат безбедно. Сепак, релативно голем процент од испитаниците (38%) што се чувствуваат ‘ниту безбедно, ниту небезбедно’ може да доведат до заклучок дека се потребни дополнителни истражувања за да се истражат причините зад оваа ситуација и да се види дали е потребно дополнително образование за младите да се зголеми нивната доверба и ги артикулираат своите ставови кон нивната безбедност на интернет“, препорачуваат истражувачите.
Според претставник на МВР, исконтактиран за истражувањето, лесниот пристап до интернет и различните содржини што се нудат дигитално претставува реална закана за новите генерации.
„Децата и младите можат лесно да пристапат на интернет во својот дом и може многу лесно да воспостават комуникација со возрасните без заштита од нивните родители, заштита на нивните податоци и лични информации и како такви да станат жртви на сајбернасилство. Министерството презема различни активности за спречување на сајбернасилството и едукација на младите за интернетзаканите и начините за заштита на личните податоци“, стои во истраживањето.
Иако дури 94% тврдат дека не доживеале сајбернасилство, од тие 77 испитаници што доживеале, за половината од нив тоа се случило на мрежата на компанијата „Мета“ – „Фејсбук“
Mладите знаат каде да пријават сајбернасилство. На прашањето за институциите/инстанците на кои би пријавиле злоупотреба на лични податоци и содржина, 38% би пријавиле во полиција, 24% во семејството и уште 21% во Агенцијата за заштита на личните податоци.
„Младите жени имаат поголема доверба да пријават сајбернасилство во семејството (28%) отколку младите мажи (19%)“, се вели во документот.
Инаку, целна група на ова истражување беа млади од 15 до 29 години од Македонија. Во примерокот биле вклучени вкупно 1.235 испитаници преку телефонска анкета. Дополнително, истражувачкиот тим спровел пет полуструктурирани интервјуа со засегнатите страни и осум дискусии во фокус групи во Скопје, Битола, Тетово, Свети Николе, Штип, Струмица и Струга со вкупно 63 учесници.
Истражувањето беше спроведено во периодот од 27 септември до 10 октомври 2023 година, додека дискусиите во фокус групите – иста така лани од 4 до 26 октомври.
Бојан Шашевски
*Графиконите и визуелизациите се извадени од истражувањето на ОБСЕ
-
Të rinjtë nuk e dinë nëse janë të sigurt në Maqedoni, edhe pse pothuajse çdo i pesti person ka përjetuar apo dëshmuar dhunë
Të rinjtë në Maqedoni nuk kanë qëndrime të qarta për shumicën e çështjeve lidhur me sigurinë dhe mbrojtjen e tyre. Ata e perceptojnë vendin as të sigurt, as të pasigurt. Sa i përket sigurisë në vend në pesë vitet e ardhshme, shumica e të rinjve mendojnë se gjendja do të mbetet e njëjtë, ndërsa më shumë se një e katërta e të rinjve konsideron se gjendja do të përkeqësohet. Gjithashtu, thuajse çdo i pesti person i ri ka përjetuar apo ka qenë dëshmitar i dhunës, ndërsa vetëm 26% e të rinjve e kuptojnë konceptin për ndërtimin e paqes dhe nuk marrin pjesë në aksione dhe iniciative për paqe.
Konkludimet e hulumtimit të fundit të OSBE-së për të rinjtë dhe sigurinë tregojnë se, ata kanë qëndrime ambivalente dhe kontradiktore dhe kjo vlen si për grupmoshat dhe grupet etnike, ashtu edhe në të gjithë rajonet e vendit.
“Të rinjtë nuk kanë informacion të mjaftueshëm për çështjet e sigurisë që do t’u ndihmonin atyre të shprehin qëndrimet e tyre. Gjithashtu, qëndrimi ambivalent mund të jetë rezultat i mangësisë së kuptimit dhe interesit për konceptet, politikat dhe praktikat kyçe, si dhe mungesës së përfshirjes së të rinjve në krijimin e politikave që lidhen me sigurinë dhe mbrojtjen e të rinjve”, qëndron si konkludim i hulumtimit të përgatitur nga INDAGO DOOEL Shkup, Boge Bozhinovski dhe Elizabeta Markovska Spasenoska.
Të rinjve iu kërkua të zgjidhnin se sa të sigurt ndiheshin në vende të ndryshme. Lagjja është vendi më i sigurt për të rinjtë (81%), ndërsa mjedisi digjital është më pak i sigurt (43% ndjehen të sigurt).
“Vajzat e reja ndihen më pak të sigurta në krahasim me djemtë e rinj”, thuhet në hulumtim.
Për sa i përket ndjenjës së sigurisë në vende publike, shumica e të rinjve ndihen pothuajse njësoj të sigurt në transportin publik (53%) dhe në sheshe publike, shtigje për ecje dhe korsi për biçikletë (54%) Mungesa e aktiviteteve kulturore dhe sportive (51%) dhe mungesa e mundësive për zhvillim (51%) janë problemet më të mëdha të të rinjve për momentin, pasuar nga papunësia dhe problemet ekonomike.
Të rinjtë janë më të shqetësuar për krimin e organizuar (vlera mesatare = 7.1 në një shkallë nga 1 deri në 10, ku 1 është më e ulëta dhe 10 është më e larta), të ndjekur nga fatkeqësitë natyrore (vlera mesatare = 6.9) dhe mundësia e shpërthimit të një konflikti të armatosur në Ballkanin Perëndimor (vlera mesatare = 6.7).
“Shqetësimi më i vogël tek të rinjtë lidhet me grupet e tifozëve që ndonjëherë janë të dhunshëm gjatë dhe pas ngjarjeve sportive (vlera mesatare = 5.7). Vajzat e reja kanë vazhdimisht nivele më të larta të shqetësimit krahasuar me djemtë e rinj. Për sa i përket dhunës në familje, si një nga faktorët që kërcënon sigurinë, vajzat e reja janë dukshëm më të shqetësuara se djemtë e rinj”, thuhet në hulumtim.
Nga aspekti i ndërtimit të paqes, vetëm 26% e të rinjve e kuptojnë këtë koncept. Ata të rinj që jetojnë në bashkësi multietnike janë më të ekspozuar ndaj aktiviteteve të ndërtimit të paqes. Si rezultat i gjithë kësaj, të rinjtë nuk shfaqin aktivizëm dhe dëshirë për të marrë pjesë në aksione dhe iniciativa për paqe dhe siguri. Një përqindje e ulët janë ata që kanë dalë vullnetarë në aktivitete kulturore, eko-evente, aktivitete formale dhe joformale arsimore dhe aktivitete sportive.
“Protestat civile dhe aktivitetet politike janë aktivitetet më të pakta për promovimin e paqes dhe sigurisë mes të rinjve. — Shumica e të rinjve (87%) nuk kanë dëgjuar për aktivitetet e autoriteteve në lidhje me ndërtimin e paqes dhe sigurisë për të rinjtë”, thonë hulumtuesit. Është interesant fakti që të rinjtë i vendosin përgjegjësitë për ndërtimin e paqes më së shumti në nivel nacional dhe me institucionet shtetërore, ndërsa pushteti lokal, i cili duhet të jetë shkalla e parë për sigurinë dhe paqen në komunitetet lokale, është vetëm në vendin e katërt (22%).
Në lidhje me ekstremizmin e dhunshëm dhehumica e të rinjve (53%) besojnë se radikalizimi nuk është një problem në komunitetin e tyre. Megjithatë, për 38% të të rinjve, radikalizimi është një shqetësim.
Sipas përfaqësuesve të organizatave të të rinjve të intervistuar, ideologjia radikale nuk është gjerësisht e pranishme, por është e pranishme në vende dhe komunitete në territorin e vendit tonë.
“Politika është zgjedhur si faktori kryesor për radikalizimin nga 58% e të anketuarve, ndjekur nga dallimet ekonomike (40%) dhe religjioni (37%). Të rinjtë janë të vetëdijshëm për praninë e radikalizimit në hapësirën digjitale. 23% e të anketuarve besojnë se hapësira digjitale është një faktor i rëndësishëm për radikalizimin”, qëndron në dokument.
Pothuajse gjysma e të anketuarve, vlerësojnë se,lufta kundër dezinformimit është faktori më i rëndësishëm si përgjigje ndaj radikalizimit, ndjekur nga mundësitë ekonomike dhe punësimi dhe shpërndarja e barabartë e mallrave dhe shërbimeve.
Hulumtimi ka edhe një pjesë të posaçme për “dhunë”. Më shumë se gjysma e të rinjve (59%) deklarojnë se dhuna është “plotësisht e pranishme” ose “ndonjëherë e pranishme” në mesin e të rinjve. Tri motivet kryesore që nxisin sjelljet e dhunshme te të rinjtë janë ndjenja e padrejtësisë (40%), zhgënjimi nga statusi social (39%) dhe mungesa e mbështetjes familjare (34%). Ata gjithashtu shumë afër e vlerësojnë edhe mungesën e mbështetjes institucionale (33%).
Pothuajse një nga pesë të rinj (18%) i përfshirë në këtë hulumtim ka përjetuar ose ka qenë dëshmitar i dhunës, ose i të dyjave. Në mesin e atyre që kanë përjetuar dhunë, kryesisht kanë përjetuar ose kanë qenë dëshmitarë të dhunës verbale (80%) dhe fizike (74%). Dhuna fizike dominoi në deklarimet e djemve të rinj, me 80% të përjetuesve ose dëshmitarëve të dhunës fizike në krahasim me 66% të vajzave të reja. Nga ana tjetër, dhuna verbale, sociale dhe psikologjike dominon tek femrat”, thuhet në hulumtim.
Mes tjerash, hulumtimi e trajton edhe ngacmimin kibernetik, përkatësisht atë lloj specific të dhunës, e cila përfshin sjellje të këqija, pakënaqësi, ose tallje me të tjerët duke dërguar ose postuar mesazhe apo imazhe ofenduese përmes kompjuterit ose telefonit celular.
“Gati gjysma e të anketuarve (42%) në hulumtim ndihen “të sigurt” ose “plotësisht të sigurt” kur përdorin internetin, ndërsa 20% nuk ndihen të sigurt. Megjithatë, një përqindje relativisht e madhe e të anketuarve (38%) që ndihen “as të sigurt, as të pasigurt” mund të sjellë në përfundimin se nevojiten hulumtime të tjera për të hetuar arsyet pas kësaj situate dhe për të parë nëse nevojitet arsimimi shtesë për të rinjtë, për të rritur besimin dhe për të shprehur mendimet e tyre lidhur me sigurinë e tyre në internet”, porosisin hulumtuesit.
Sipas një përfaqësuesi të MPB-së, i kontaktuar për hulumtimin, qasja e lehtë në internet dhe përmbajtjet e ndryshme që ofrohen në mënyrë digjitale paraqet një kërcënim real për gjeneratat e reja.
“Fëmijët dhe të rinjtë mund të hyjnë lehtësisht në internet në shtëpinë e tyre dhe shumë lehtë mund të krijojnë komunikim me të rriturit pa mbrojtjen e prindërve, mbrojtjen e të dhënave dhe informacionit të tyre personal dhe si të tillë bëhen viktima të bullizmit kibernetik. Ministria ndërmerr aktivitete të ndryshme për parandalimin e dhunës kibernetike dhe edukimin e të rinjve për kërcënimet nga interneti dhe mënyrat për mbrojtjen e të dhënave personale”, thuhet në hulumtim.
Edhe pse 94% e të rinjve pohojnë se, nuk kanë përjetuar dhunë kibernetike, nga ata 77 të anketuar që kanë përjetuar dhunë kibernetike, 51% përballen me të në rrjetin social Facebook. Të rinjtë mund të identifikojnë ku të raportojnë dhunën kibernetike. Në pyetjen për institucionet/ instancat në të cilat do të raportojnë abuzimin e të dhënave personale dhe përmbajtjen, 38% do të raportojnë në policinë, 24% në familje dhe sërish 21% në Agjencinë për Mbrojtjen e të Dhënave Personale.
“Nga të rinjtë, vajzat e reja kanë më shumë besim në raportimin e dhunës kibernetike në familje (28%) krahasuar me djemtë e rinj (19%)”, thuhet në dokument.
Hulumtimi u realizua në periudhën nga 27 shtatori deri më 10 tetor të vitit 2023, derisa diskutimet në fokus gurpet – gjithashtu vitin e kaluar nga data 4 deri më 26 tetor.
Bojan Shashevski