Белградската организацијата „Music Reactions“ која се занимава со промовирање, поддршка и продукција на техно културата најавува голем рејв настан во клубот „Хангар во Автокоманда“.
На журката домашна поддршка ќе бидат „OVC Kolektiv“ со диџеите Moraitov i Petko.ov b2b Chrisot. Во Македонија за првпат ќе настапат диџејката Lucia Lu од Берлин, продуцентката и диџејка Aida Arko која е инспирирана од персиската култура и своето влијание на техно сцената го црпи од родното културно наследство во Иран.
На диџејскиот пулт ќе може да се слушнат и српскиот диџеј ACOR и германскиот диџеј и продуцент SNTS препознатлив по своите сценски настапи со црна маска за лице и контактни леќи. На рејвот ќе настапи и RAR, диџеј и еден од основачите на „Music Reactions“ кој по вторпат настапува во земјава.
Настанот ќе се одржи на 15 ноември (петок). Повеќе информации за билети може да се најдат овде.