Американскиот актер Џејмс Ерл Џонс познат по неговата улога во која го позајмуваше гласот на негативецот Дарт Вејдер од „Војна на ѕвездите“ и на Муфаса во „Кралот лав“, почина на 93 години.
Џонс глумеше во многу филмови меѓу кои и „Поле на соништата“ (Field of Dreams), „Доаѓањето во Америка“ (Coming To America), „Конан Варваринот“ (Conan the Barbarian) и „Кралот Лав“ (The Lion King).
Во текот на својата кариера Џонс се стекна со три Тони награди, две Еми и една Греми награда, како и почесен Оскар во 2011 за животно достигнување. Во 1971 година тој стана само вториот Црнец номиниран за Академска награда за најдобар актер по Сидни Поатје.
Џонс е роден во Мисисипи во јануари, 1931 година. Тој има изјавено дека поголемиот период од своето детство не можел да зборува поради пелтечење. Всушност, како што објаснил самиот, својот познат глас го развил додека работел на тоа како да се справи со пелтечењето.