Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО) објави дополнителен конкурс за втор уписен рок за запишување студенти во прва година, на прв циклус студии во академската 2024/2025. Студентите своите документи можат да ги поднесат денес (13 септември) и понеделник (16 септември).
Во вториот уписен рок има 1612 слободни места, од кои 697 се за редовни студенти во државна квота, 582 во приватна и 333 места за вонредно студирање. Слободни места за упис има во сите универзитетски единици и на сите струки и насоки за студирање во Битола, Скопје, Прилеп, Охрид, Велес и Кичево.
Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.uklo.edu.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.
При пријавувањето за запишување на единиците на Универзитетот, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. Пријава за запишување
2. Електронска пријава (од iKnow-системот)
3. Оригинални свидетелства од сите класови
4. Оригинално свидетелство за завршено средно образование
5. Документ-диплома за положена државна матура
6. Извод од матичната книга на родените
7. Доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
8. Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат
освен горните и документите назначени во глава III, точка 3
9. Кандидатите кои конкурираат за запишување со завршено сродно високо или вишо
образование поднесуваат соодветно уверение или диплома, а кандидатите во категоријата
за паралелно студирање поднесувааат и соодветно уверение за статус на студент на сроден
факултет, студиска група или насока
10. Кандидатите кои конкурираат по глава II точка 2 став 3 алинеа 1 и 4 поднесуваат и
документ од Агенцијата за вработување на РСМ дека се невработени
11. Кандидатите кои конкурираат како странски државјани ги поднесуваат освен горните
и документите назначени во глава V, точка 3 и 4
13. Потврда за уплатени 300 денари на жиро сметка на факултетот – високата школа за
манипулативни трошоци
14. Потврда за уплатени 50 денари за административна такса
Решенијата за прием на кандидатите ќе бида објавени на 20 септември, односно 27 септември. Повеќе информации се достапни на овој линк.
Дополнителниот Конкурс за запишување студенти во прва година на прв циклус студии на Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола во академската 2024/2025 година за третиот уписен рок ќе биде објавен на интернет страницата на Универзитетот www.uklo.edu.mk.