Утре (18 септември, среда) во 12:30 часот во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид ќе биде промовирана втората збирка раскази од Наде Ќосеска со наслов „Животен калеидоскоп“.
„Нејзините нови раскази се нови животни приказни, истовремено едноставни и комплексни и бараат уште еднаш во себеси да ги преработите и да ги откриете скриените пораки меѓу зборовите“, се вели во најавата.
Промоцијата ќе ја отвори директорот на библиотеката м-р Милчо Јованоски. Промотор ќе биде Томе Скендероски, извадоци од расказите ќе чита Јелена Јованоска. Публиката ќе има можност да ја слушне и авторката Наде Ќосеска.
По промоцијата збирката раскази „ Животен калеидоскоп“ присутните ќе можат да ја купат по промотивна цена од 250 денари.