Нигериското здружение на Црвениот крст објави соопштение во кое наведуваат дека има криза со храна во 11 нигериски држави и дека 26 милиони луѓе се соочуваат со неухранетост, пренесува Ал Џазира Балканс.
Во соопштението се наведува дека речиси 26 милиони Нигеријци се загрижени за нивниот следен оброк. Децата, жените и постарите имаат најмногу потешкотии во пристапот до храна, а илјадници деца се соочуваат со здравствени проблеми поради недостиг на храна.
Црвениот крст дава поддршка за 7 земји кои имаат најтежок пристап до храна, а речиси 5 илјади семејства добија храна, лекови, засолниште, а во некои случаи и финансиска помош.
Оттаму наведуваат дека стигнале до голем број луѓе, но помошта не била доволна и потребна е меѓународна поддршка за да се спречи хуманитарна катастрофа во земјата.