Оркестарот на Македонска филхармонија ќе има концерт во Дубровник

Оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт на сцената на „Кнежев двор“ во Дубровник, Хрватска на 26 септември.

Како солистка на овој концерт ќе настапи хрватската виолинистка Џана Кариман, концертмајстор на Дубровничкиот симфониски оркестар, а диригент е маестро Бојан Цанев.

На програмата се „Медитеранска суита“ од балетот „Дубровачка легенда“ од Љубомир Бранѓолица, концертот за виолина и оркестар во А-дур од В.А. Моцарт и Симфонијата бр. 5 во Бе-дур од Франц Шуберт.

Концертот на Македонската филхармонија во Дубровник се реализира како дел од годишната програма на институцијата, поддржана од Министерството за култура и туризам.