Министерот за надворешни работи на Либан, Абдула Бу Хабиб, објави дека бројот на внатрешно раселените лица се приближува до половина милион поради тековните израелски напади, што укажува на значително зголемување на кризата со раселувањето во земјата, пишува „Анадолу“.
„Бројот на внатрешно раселени лица во Либан се зголемил за речиси 500.000 поради израелската воена офанзива“, истакна Бу Хабиб на настан организиран од Фондацијата Карнеги на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Израелската Армија започна серии воздушни напади во Либан од рано во понеделникот против, како што тврди, позиции на Хезболах, ескалирајќи го конфликтот меѓу двете страни.
Израелската Армија врши воздушни напади врз Либан од понеделникот, во коишто загинаа речиси 560 луѓе, меѓу кои 95 жени и 50 деца, а повредени се уште 1.835, соопшти министерот за здравство Фирас Абиад.