Израелските напади продолжија низ појасот Газа, а според Министерството за здравство, утрово се убиени 23 Палестинци, пренесува Ал Џазира Балканс.
Цел на израелската авијација бил бегалскиот камп Нусејрат во централниот дел на Газа. Мета на израелски беспилотни летала беше и бегалскиот камп Буреиџ. Била погодена цивилна зграда, при што загинале шест членови од исто семејство.
Од почетокот на израелскиот геноцид во Газа, речиси 42.000 Палестинци се убиени, главно жени и деца.
Израелската армија чувала фрижидер со најмалку 80 тела на Палестинци убиени во Газа. Палестинското Министерство за здравство соопшти дека одбило да ги прими телата поради недоволна координација.
Израелската армија често без никаква документација ги предава телата на убиените Палестинци, поради што властите во Газа се принудени да ги закопуваат убиените во гробници за неидентификувани.