Објавени листите на примени бруцоши во студентските домови

Министерството за образование и наука (МОН) вчеравечер ги објави резултатите од Конкурсот за сместување студенти (бруцоши) во студентски домови во академската 2024/2025 година.

Листите со примени студенти во студентските домови може да се најдат на следниов ЛИНК.

Приговор по однос на резултатите, студентите може да поднесе директно во домот каде што аплицирал за сместување, во рок од 5 дена од објавата на резултатите.

Конкурсот беше објавен на 10 септември, а оваа академска година за бруцошите беа предвидени 1.034 студентски легла.