Младински образовен форум (МОФ) во партнерство со Претставништвото на УНХЦР, Агенцијата на ОН за бегалци, во Северна Македонија и Скопски маратон отвора повик за волонтери на водна станица на овогодинешниот Скопски маратон кој ќе се одржи на 06 октомври (недела).
„Учеството на маратонот, освен што ја поттикнува физичката активност и грижата за здравјето кај младите, има за цел да ја подигне свеста и да служи како мотивација за младински активизам, солидарност и подавање рака на секого на кого му е тоа потребно. Под мотото ‘Трчај за бегалците’, пријави се да ја подигнеш свеста за потребата од солидарност, поддршка и интеграција на бегалците“, велат организаторите.
Денот на волонтерите започнува во 6:30 часот наутро.
Обврски на волонтерите:
Да пристигнат без доцнење на определената локација во Скопје;
Логистичка помош при поделување на вода и храна на учесниците на маратонот;
Управување на станиците за вода и насочување на тркачите;
Создавање на позитивна атмосфера и бодрење на учесниците на маратонот; и
Расчистување и собирање на отпадоци.
Начин на пријавување:
Сите заинтересирани може да се пријават со пополнување на формуларот достапен тука.
Рокот за пријавување е до 30.09.2024 (понеделник) до 23:59 часот.
Дополнителни информации:
Иницијативата „Трчај за бегалците“ се организира 8-ма година по ред.
Оваа активност е дел од проектот „Ангажирање на младите за подобрување на наративот за луѓето за кои УНХЦР се залага” поддржан од УНХЦР.
За сите дополнителни информации и прашања, може да се обратите на Орце Николовски на orce_nikolovski@mof.org.mk или на 072 252 009.