[Видео] Катастрофални поплави во Босна и Херцеговина, најмалку 14 загинати

Најмалку 14 луѓе загинаа во поплавите што зафатија делови од Босна и Херцеговина. Врнежите од дожд во изминатите 24 часа на подрачјето на општините Јабланица, Коњиќ, Кисељак, Фојница и Крешево предизвикаа големи проблеми кај жителите од тие општини во Босна и Херцеговина, јавува Н1.

„Поради големите порои и одрони, загрозено е многубројно население, со информации дека има жртви како и голем број повредени и исчезнати лица“, соопшти Федералната управа за цивилна заштита.

Сообраќајот, телефонските и интернет врските, како што наведуваат медиумите се во прекин.

Почнувајќи од Мостор, во Дрежница, големиот порој на реката Дрежанка урна неколку мостови и однесе 20-тина автомобили, а засега нема информации за човечки жртви на тоа подрачје. Поради свлечиште, патот М-17 кон Долна Јабланица е непрооден.

Според состојбата на терен, најтешко е во Јабланица и во околните места каде имаше бројни одрони на куќи, свлечишта на патишта и поплавување куќи.