[Фото + Видео] „Сонот на Ербер“ се случи на скопската „Бела ноќ“

Пет големи месечини облечени во човечки тела од Франција во саботата прошетаа по улица Македонија во Скопје со што го претставија перформансот „Сонот на Ербер“. Изведбата е дело на француската театарска трупа „Кидам“ која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет.

Појдовна точка беше Музејот на Град Скопје каде стотици граѓани тргнаа со нив патување кон ѕвездите. „Петте фигури“, како што се вели во описот за перформансот, најпрво беа стуткани и се тресеа од студ, за потоа симболично од уличните светилки да се наполнат со енергија. Крајната мисија беше да ѝ помогнат на една ѕвезда да се вивне до небото што се случи по минувањето на Камениот мост, пред домот „Ибни Пајко“.

 

Со ова се одбележаа 50 години од формирањето на Францускиот институт во земјава.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

Ангела Бошкоска