Во „Јавна соба“ овој четврток (10 октомври) од 21 часот ќе се одржи сесија во живо на бендот „KEM“ со поддршка од нивните пријатели Прва Гарда (Dope Kukjata) и Џиги (Jiggy).
„KEM е рап-бенд од Скопје кој го шари типичнот колорит на рап сцената во главниот град, хип-хоп бенд со нетипичен осврт на жанрот“, велат од колективот „Гола Планина“ под чија капа издаваат „КЕМ“
Нивните настапи започнуваат уште со првите изданија во 2022 година, кога објавуваат серија синглови и албумот „Columba Noachi“, кој ја раздвижи сцената.
„Оваа година, со издавањето на вториот студиски албум ‘Камен пламен татко’, ‘KEM’ покажуваат нова енергија и бран на креативност кој веќе се чувствува во редовите на бендот и со нетрпение чекаат да го претстават пред публиката“, соопштува „Гола Планина“.
Билетите на влез ќе изнесуваат 350 денари, истите може да ги купат на платформата www.drugastrana.mk/event/kem-sessions/ по промотивна цена од 250 денари.