Меѓународниот комитет за спасување објави нов извештај во кој детално го опишува разорното влијание на војната што Израел ја води во Газа врз децата кои живеат на тамошната територија.
Според некои од главните наоди на извештајот, се проценува дека околу 17.000 деца се без придружба или одвоени од родителите или старателите. Меѓународниот комитет смета дека оваа бројка во реалноста е три пати повисока и достигнува до 51.000.
Честите наредби за евакуација на израелските власти, притворањата и нападите придонесоа повеќе семесјтва да бидат разделени во Газа во последните неколку месеци. Некои од децата живеат сами во болница. Децата кои се оставени без родителска грижа се соочуваат со големи ризици од експолатација, запоставување, глад и долгорочни последици врз менталното здравје.
Наодите покажуваат дека секое дете, родител или старател во Газа искусува траума. Тимовите на Меѓународниот комитет за спасување во Газа забележуваат зголемување на стапките на тешка и акутна неухранетост кај децата помали од пет гоини. Децата во Газа веќе изгубија една година од своето образование поради колапсот на едукативниот систем и деструкцијата на училиштата предизвикана од бомбардирањата на Израел.
„Децата го носат товарот од оваа војна и јасно е дека без итен и долготраен прекин на огнот на повидок, долгорочните влијанија ќе станат само уште поголеми. Продолжениот токсичен стрес од насилството и раселувањето може да води до долгорочни последици по здравјето на овие деца. (_) Децата во Газа не можат повеќе да чекаат, пролонгираните рестрикции на хуманитарната помош и континуираните борби значат дека цела една генерација деца ќе доживее доживотни здравствени и развојни проблеми“, изјави државниот директор на Комитетот, Барт Витвен.