[Видео] 14. „Здраво млади“ го врати духот на МКЦ

Фестивалот на нова музика „Здраво млади“ по 14. пат го преполни Младинскиот културен центар со луѓе дојдени да се дружат и да слушаат различна, по малку и нова музика на некој од трите стејџови.

„Здраво млади“ годинава се најави и одржа подоцна од вообичаеното, а МКЦ одамна не било толку полно и колоритно, што направи градот повторно да завибрира во алтернативна-младешка-бунтовна енергија.

Програмата на МКЦ беше курирана од музичкиот колектив „Гола планина“ (издавачка куќа „Мртов коњ“), исто во соработка со издавачката куќа „YUGOFUTURISM“ од Ротердам со селекција на холандски бендови. Ги слушавме иновативните „Velocity made good“ од Холандија, експлозивното трио „Housepainters“ од Холандија, соло проектот „Идем“ од Хрватска, панк изведувачот „Tandara“ од Хрватска, како и полските џез експериментатори „Kosmonauci“.

Од селекцијата на „Yugofuturism“ настапија нојз триото „Texoprint“, андерграунд нојз-поп сензацијата ‘Søwt’ и кантавторката ‘Eerie Wanda’ од Холандија и Хрватска. Како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа ‘Yugofuturism’, настапи и Кун Хенге или диџеј Vikendica“.

Свој диџеј сет имаше и резидентниот диџеј на „Здраво Млади“, кој е тука уште од првото издание, Диџеј Фиц од Ирска.

Во рамките на програмата селектирана од младата издавачка куќа и колектив „Гола планина / Мртов коњ“, ги слушавме младата дарквејв артистка „Ата“ од Македонија, енергичните „Klotljudi“ од Србија, дрон/фолк артистот „Стој, после!“ од Македонија, панк-рок изведувачот „Dimish“ од Македонија, инди составот „Zanadu“ од Македонија, психоделичните „Vagina Corporation“ од Македонија, како и диџеите Пепи и Шабан.

Во продолжение погледнете колаж видео од атмосферата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Радио МОФ (@radiomof)

Видео: Бојан Шашевски