Инфо сесија за аплицирање за Чивнинг стипендиите за студии во Обединетото Кралство

На 16 октомври (среда) во 17 часот, во Нетавил ќе се одржат Чивнинг разговори со Асоцијата на Чивнинг стипендисти и претставници од Британската Амбасада.

„Ова е идеална можност да дознаете сè за процесот на аплицирање и студирање во Обединетото Кралство, како и да се запознаете со членовите на Асоцијацијата на Чивнинг стипендисти кои ќе го споделат со вас нивното искуство и ќе одговорат на вашите прашања“, се вели во најавата.

Повикот за аплицирање за Чивнинг стипендии е отворен до 5-ти ноември. Повеќе информации за процесот на аплицирање може да се најдат овде, како и на настанот во Нетавил.

Настанот ќе може да се проследи во живо или онлајн. Местата се ограничени, а присуството може да се резервира со пополнување на овој формулар.