Платформата за еколошки и социјални аспекти на музиката – ADE Green во фокусот на „Amsterdam Dance Event 2024“

Оваа година е децениска за платформата ADE Green, настан кој ќе се одржи на 18 октомври во Felix Meritis во рамки на „Amsterdam Dance Event 2024“ (ADE) кој ќе се одржува од 16 до 20 октомври во Амстердам, Холандија.

Платформата преку панел дискусии го става фокусот на клучните тематики кои се однесуваат на еколошките и социјални аспекти поврзани со музиката, а посебно ќе бидат опфатени теми како: управување со водите, известување за влијаниjата од процесите, стандарди за одржливост, зелени договори, регулатива, достапност и надминување на бариерите на иклузивnост.

Теми кои ќе бидат опфатени панел дискусиите:

„Достапност за сите“ – Стратегија за креирање отворен и инклузивен пазар на труд, презентирана од NEXTSTAGE, ќе понудат решенија за задоволување на потребата за човечки ресурси во музичката индустрија.

„Да го вратиме просторот“ – Syed Jazib Ali, ќе даде фокус на политичките и еколошките предизвиците со кои се соочува регионот на Хималаите.

„Природата како уметност“ – Музиката не поврзува со природата, првите цртежи, пишувања и песни се истата. Како и да е одејќи по патот конекцијата е ослабена и изгубена.

„Музиката нема граници“ – Соочување со пречките на трендот кој доаѓа од Афро влијанието во муката. Сеуште се чувствува сегрегација на артистите од Адфрика во однос на оние од западниот свет.

„Достапни фестивали“ – практики од двегодишниот проект на Handicap NL за подобра пристапност до фестивали за лица со попреченост.

„Запознај ги експертите“ – кратки доскусии со над 10 панелисти на тема Одржливост и Социјални промени.

„Негување Талент и Иновативност на настани“ – детални резултати од проектот Human Capital спроведен од NEXTSTAGE.

„Климатска Правда“ – панел дискусија водена од Syed Jazib Ali.

„ЦСРД (CSRD) регулаива“ – тркалезна маса за европската директива Corporate Sustainability Reporting Directive (CSRD) која треба наскоро да стапи на сила.

Електронската музичка сцена повторно се обединува на „Amsterdam Dance Event 2024“

Огнен Тилиќ