Што пропушти на Радио МОФ?

На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика, животна средина…

1. Владата да го прекине молкот во врска со геноцидот во Газа, побараа граѓани на денешниот протест

Македонија да ја признае Палестинската држава и да се приклучи кон меѓународните напори да се забрани дотурот на оружје на Израел. Ова во понеделникот (7 октомври) го побараа активисти и граѓани кои протестираа пред Владата за солидарност со народот на Палестина и Либан.

Владата да го прекине молкот во врска со геноцидот во Газа, побараа граѓани на денешниот протест

2. Јасмина Трошанска: За децата со аутизам треба нов модел за часовите по физичко

„Со инклузивното образование, голем број деца со нарушувања од спектарот на аутизмот се најдоа во редовното училиште. Покрај останатите часови, тие следат и настава по физичко и здравствено образование, кое, како за сите деца, важно e и за нив. Затоа наставниците треба да размислат да го воведат т.н. STEP модел, за да може повеќе да се вклучат и децата со аутизам. Ние веќе подготвивме водич за креирање цели во наставата и подготовки на час, документи што ќе бидат достапни и ќе можат бесплатно да се користат од наставниците по физичко образование“.

Ова го потенцира Јасмина Трошанска, претседателка на Здружението „Сина светулка“, воедно професорка, специјална едукаторка и рехабилитаторка со над 15-годишно искуство во работата со деца со нарушувања од спектарот на аутизам.

Јасмина Трошанска: За децата со аутизам треба нов модел за часовите по физичко

3. [Галерија] Отворено новинарското студио на Правниот факултет при УКИМ наменето за пракса на студентите

Во вторникот (8 октомври) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се отвори мултимедијално студио, односно Центар за иновации во медиумите кој ќе служи за практична работа на студентите по новинарство и односи со јавност. Студиото е опремено со најсовремена технологија и подготвено да ги прими студентите кои во него ќе изработуваат медиумски и маркетинг производи. Професорите на факултетот велат дека студиото се отвора во момент кога на студиите по новинарство се запишале само 6 студенти.

[Галерија] Отворено новинарското студио на Правниот факултет при УКИМ наменето за пракса на студентите

4. [Инфографик] И по четири години надлежните го занемаруваат Законот за млади

Иако поминаа повеќе од четири години, Законот за младинско учество и младински политики, познат како Закон за млади, сè уште целосно не се спроведува во пракса. Тоа е највидливо во општините каде недостастуваат бројни иницијативи што ги наложува законот. Неуспехот да се отворат канцеларии за млади, да се именуваат службеници за млади како и да се донесат локални стратегии зборува за ниската свест и посветеност на институциите во поглед на младите во земјава.

Овие податоци ги покажува новата анализа на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ) која се надоврзува на претходните објавени во 2022 и 2023 година. Извештајот е поделен на четири секции. Во првата, Младинско учество се истакнува дека сè уште нема формирано Национално собрание за млади, а следствено нема ниту Национално советодавно тело за младински политики. Напредок има во бројот на локални младински совети кој за една година скокнал од 19 на 34.

[Инфографик] И по четири години надлежните го занемаруваат Законот за млади

5. [Видео] Пет години „Бостание“

Со отворен настан со работилници, дружење и музика, „Зелената арка“ заедно со пријатели и граѓани од повеќе генерации го прославија петтиот роденден на Општествената градина „Бостание“, со што одбележаа и пет години од почетокот на здруженото градинарство во Скопје.

Димитар Самарџиев од „Зелената арка“ за Радио МОФ зборува за активностите во градината, какви видови култури тука растат, но и зошто е важно да се гради колективен дух кон градинарењето.

[Видео] Пет години „Бостание“

+Бонус:

[Фото + Видео] „Сонот на Ербер“ се случи на скопската „Бела ноќ“

Пет големи месечини облечени во човечки тела од Франција во саботата прошетаа по улица Македонија во Скопје со што го претставија перформансот „Сонот на Ербер“. Изведбата е дело на француската театарска трупа „Кидам“ која има од 100 до 150 настапи годишно низ целиот свет.

[Фото + Видео] „Сонот на Ербер“ се случи на скопската „Бела ноќ“

[Видео] 14. „Здраво млади“ го врати духот на МКЦ

Фестивалот на нова музика „Здраво млади“ по 14. пат го преполни Младинскиот културен центар со луѓе дојдени да се дружат и да слушаат различна, по малку и нова музика на некој од трите стејџови.

„Здраво млади“ годинава се најави и одржа подоцна од вообичаеното, а МКЦ одамна не било толку полно и колоритно, што направи градот повторно да завибрира во алтернативна-младешка-бунтовна енергија.

[Видео] 14. „Здраво млади“ го врати духот на МКЦ