Овој четврток (17 октомври) во скопската Европска куќа ќе се случи четвртото издание на младинското книжевно читање „Клинци“.
Овојпат на „Клинци“ ќе читаат Марија Ангеловска, Марија Велинова, Сатја Александар Давитков и Марко Кочишки.
„Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат „Млади бездарници“. Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, ги започнавме книжевните читања наречени „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица автори и авторки кои се дел од младинската книжевна сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба!“, велат организаторите.
Своја изложба ќе има ликовниот уметник Филип Мартиновски. Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.
Во продолжение погледнете како беше на претходните изданија:
[Галерија] Книжевното читање за млади – „Клинци“ се случи по вторпат