Вкупно 102.061 странски туристи ја посетиле Македонија во август, според извештајот на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во меѓувреме, според податоците на ДЗС, регистрирани се и 114.811 домашни туристи.
Најголемиот број од странските туристи се од Турција (50.227 туристи), по што следуваат туристите од Србија (9.898) и Романија (5.996 туристи).
Бројот на ноќевањата во август пак, изнесувал 911.478, од кои 74.3% се од домашните туристи, а 25.7 % од странските туристи.
„Во периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8.3%, и тоа кај домашните туристи има намалување за 0.9%, а кај странските има зголемување за 14.4%. Во периодот јануари – август 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5.3%, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.6%, а кај странските има зголемување за 9.3%“, се посочува во извештајот на ДЗС.
Во август, најголемиот дел од туристите – 150.861 ги посетиле езерските места, по што следува Скопје со 48.151 турист.