Синоќа на сцената на Албанскиот театар во Скопје беше отворено 18. издание на МТФ „Скупифестивал“.
Како што информираат организаторите, на свеченото отворање присуствувале голем број љубители на уметноста и театарот, како и гости од земјава и странство.
На свеченото отворање, директорот на „Скупифестивал“, Музбајдин Ќамили-Мучи, ја откри програмата на ова издание, и ѝ се заблагодари на публиката за континуираната подршка низ годините и на спонзорите и подржувачите на МТФ „Скупифестивал“.
Програмата продолжи со претставата „1984“, дело на авторот Џорџ Орвел, а во изведба на Народниот театар на Косово.
Улогите се Адриан Морина, Арта Селими, Басри Луштаку, Едона Решитај, Флака Латифи, Шпејтим Кастрати, Џејлане Годанци и Илбер Барди. Сценограф е Ментор Бериша, костимограф е Илка Брада а композитор е Тримор Доми.
Вечерва ќе се одигра претставата „Гидеоновиот јазол“, адаптирана по текстот на американската драмска писателка Џона Адамс, а во режија на Селма Алиспахиќ.