На третата вечер на меѓународниот театарски фестивал СкупиФестивал се одигра театарската претстава на продукцијата Тула Лимнаиос од Берлин, инспирирана од музиката на Густав Мајер, а посветена на „децата на прашина“.
„Тоа на некој начин сме сите ние. Тие деца се длабоко вградени во нашите индивидуални и универзални сеќавања, во ‘стаубкиндер’ (деца на прашината), дозволуваме да бидеме испратени во апсурден и збунувачки свет. Свет сличен на нашиот, покритичен во аспектите на сегашноста, во сложеноста на сегашноста и овој неизвесен простор наречен иднина. ‘Деца на прашината’ кои бараат засолниште, туѓо им е тлото на кое им стојат нозете. Вознемирувачки и поетски во исто време. Постои слика од Пол Кле наречена ‘Новиот ангел’. Опишува ангел кој изгледа како да ќе се оддалечи од нешто што го гледа, веројатно не би сакал да ја подаде раката, да ги разбуди мртвите и да го состави растргнатото. Но, бура дува од небото и го фаќа за раце толку силно што ангелот веќе не може да ги затвори крилјата. Оваа бура незапирливо го турка во иднината, на која и го врти грбот додека купот на урнатини пред него расте кон небото. И она што ние го нарекуваме напредок е оваа бура“, велат од фестивалот за претставата.
Денеска, 17 октомври со почеток во 20 часот во Албански театар – Скопје, Скупифестивал ја има емисијата „Нижински“ подготвена од „L’Amphitheater & Oh DA!“ од Букурешт, Романија.