Поетот Славе Ѓорѓо Димоски ја доби државната награда „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес.
Наградата ќе му биде врачена на 23 октомври (среда) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија.
Одлуката за доделување на наградата беше донесена на седница на 4 октомври на Одборот за доделување на државната награда. Претседател на Одборот е Блаже Миневски.