Во ноември и декември годинава ќе се одржи Школа за ЛГБТИК+ лидерство за млади од 18 до 30 години. Хелсиншкиот комитет за човекови права – Скопје заедно со „LGBTQ+ Victory Institute“ и Коалиција Маргини ja повикуваат следната генерација на ЛГБТИК+ лидери да се пријават на повикот.
„Ако си подготвен/а да направиш вистинска промена, да застанеш во одбрана на заедницата и да ја изградиш иднината на движењето – ова е шанса за тебе“, велат оттаму.
Се бараат 15 одлучни млади, желни за промена, од целата држава да се приклучат на оваа школа. Низ четири модули, пријавените ќе стекнат вештини и знаења потребни за да направат промена и да ја обликуваат иднината на ЛГБТИК+ движењето. Тие ќе научат како да ги разберат и навигираат низ системите на моќ, да бидат гласни и слушнати, да останат безбедни и да бидат силни додека се залагаат за промени и како да создадат пат за застапување, односно да се поврат со носителите на одлуки и институциите за да се осигураат дека гласот на заедницата ќе биде слушнат.
„Ова е исто така можност да се поврзеш со други млади лидери низ целата земја, да изградите мрежи и да работите заедно за да го поттикнете движењето напред. Силно ги охрабруваме апликациите од лезбејки и бисексуални жени, геј и бисексуални мажи, трансродови и интерсекс лица, етнички малцинства, луѓе кои живеат со ХИВ, лица со попреченост и други маргинализирани групи во ЛГБТИК+ заедницата“, додаваат тие.
Формуларот треба да се потполни најдоцна до 27 октомври.