Министерството за образование и наука информира дека монтажните бараки на основното училиште „Крсте Мисирков“ во Гази Баба по 6 децении ќе бидат заменети со нов објект.
„Инвестирањето во образованието е темел на секое современо и просперитетно општество. Нам како Влада тоа ни е сосема јасно и затоа оваа област е поставена меѓу високите приоритети во програмските определби“, рече Јаневска.
Новиот училишен објект ќе има два спрата со 30 училници и вкупна површина од 3.128 квадратни метри. Вредноста на инвестицијата е 170 милиони денари обезбедени од Владата. Изградбата на училиштето ќе се реализира за 24 месеци.
„Следната година планираме буџет од над 40 милијарди денари што е значително зголемување во споредба со претходните кои достигнуваа до 30 милијарди. Уверувам дека ќе го вратиме образованието на вистинскиот пат, со добра стратегија и со поддршка на локалните самоуправи, на граѓанскиот сектор и на меѓународните партнери“, изјави министерката.
МОН во моментов реализира 36 крупни капитални инвестиции, односно изградби на училишта и темелни реконструкции, како и 40 помали санации во училишни објекти.