Скопје знае да биде лудо, грдо, несфатливо, нелогично, уникатно, спонтано и прекрасно место. Од се’ по многу.
Ова се фотографии што пробуваат да го соберат целиот тој културолошки, социјален и урбанистички манифест на главниот град. Фотографиите се сликани со мобилен телефон во изминативе година-две. Преземени се од своевидна лична Фејбук-рубрика #ЈавенПросторСкопје, сега збирно складирани во галерија која веруваме треба да си најде место и на сајтот на Радио МОФ.
Првиот дел од серијалот #ЈавенПросторСкопје може да го погледнете ТУКА.
Фотографии Бојан Шашевски