16 дизајнер(к)и се дел од добротвора модна акуција за која донираа свои дела. Аукцијата ќе биде јавна и ќе се одржи в понеделник (28 октомври) во Културно-едукативниот центар „Лабораториум“ како дел од кампањата „Денови за донирање“.
Донираните средства ќе бидат наменети за првиот филантропски фонд. Годинава фондот ќе поддржи 4 иницијативи: Фонд за заштита и превенција од пожарите на нашите шуми; Центар за развој на децата со попреченост со употреба на најнови технологии; Првата позајмувачница на помагала за сограѓан(к)ите болни од рак; Едукативна програма за младите да ја градат својата иднина и кариера тука.
Водител на настанот е Никола Трајковски, а водител на аукцијата е гласноговорникот на кампањата „Денови за донирање“ е Огнен Јанески.
Потврдата за присуство на модната аукција е задолжителна. Регистрацијата може да се направи овде или на konekt@konekt.org.mk.
Каталогот на модната аукција ќе биде дополнително споделен и ќе содржи креации на Никола Булески, Лидија Георгиева, Никола Ефтимов, „Алшар“ на Силвија Михајловска, Ирина Тошева, Росица Мршиќ, Катерина Тошева, „ Terziya “, „ Bella “, „Milkbride“, Александар Стојанов-Зорин и студентите на „Скала“: Сара Величковска, Михаела Штерјова,Татјана Гиновска, Марија Трајковска, Снежана Ефковска под менторство на Никола Булески, Александар Ношпал, Катерина Блажевска Тошева и Антонија Гугинска Јорданоска.
Настанот го организира граѓанската организација „Конект“ со поддршка на Fashion Weekend Skopje, а како дел од проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“