Промоција на стихозбирката „Анатомија на небото“ од Броче Панов

Поетската книга „Анатомија на небото“ од Борче Панов ќе биде промовирана вечерва (петок, 25 октомври) во Салонот Империјал 2 во Културно-инофрмативниот центар во Скопје (КИЦ).

Промоцијата ќе почне во 19:19 часот, промоторка е Даниела Андоновска Трајковска.

„’Анатомија на небото’ содржи рефлексивна поезија за човекот и божествената креација. Во таа взаемна хуманистичко-деистичка врска се остваруваат сите реализации на индивидуализираното Јас кое е врзано како со папочна врвка со колективната свест, а неа колку што ја наследуваме толку и самите несвесно си ја спечалуваме во текот на нашите животи“, се вели во најавата.

„Анатомија на небото“ од писателот Борче Панов е седумнаесетта по ред поетска книга. Пет од книгите се преведени во странство: „Честички хематит“ – двојазично на македонски и бугарски јазик – избор од дел од неговата поеизја, книгата „Вдах“ објавена на словенечки јазик во Марибор – Словенија, „Бријање балона“ – избор од неговата поезија на српски јазик во издание на УКС (Друштво на писатели Србија) Фотостихеза превод на неговата книга Глочка школка на бугарски јазик, „Крв која жонглира“ со осум илјади поетски мисли објавена во 2021 и „Подземно јаболко” на англиски и арапски јазик – и двете книги објавени во 2021.

Борче Панов е роден во Радовиш. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Член е на ДПМ, како и претседател на меѓународната книжевна манифестација „Караманови средби“. Неговата поезија е застапена во повеќе антологии и панорами на современата македонска поезија. Дел од неговата поезија е преведувана на англиски, германски, кинески, арапски, виетнамски и други. Застапен е во над 50 антологии и избори на поезија во светот.