На крајот на оваа седмица, прочитај го нашиот избор на топ вести од образование, култура, граѓанско општество, политика…
1. Средношколската секција „Слободно театарче“ ја изведе претставата „Маѓепсан круг“ која зборува противтрговија со деца
Драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, „Слободно театарче“ ја изведе претставата „Маѓепсан круг“ која го крева гласот против трговијата со деца за принудени детски бракови.
Преставата е дел од иницијативата „Промени го мислењето остани надвор од маѓепсаниот круг“ кој ја спроведуваа локалниот медиум Радио Пела и влклучува радио драмата и театарската претстава насловени „Маѓепсан круг“ кои содржат четири приказни за борба против невидливите синџири што ги држат жртвите на присилни бракови и трговија со луѓе.
2.[Подкаст] Агелер: За статусот на ЛГБТИ заедницата и инклузијата придонесуваме преку разни програми, но најважно е јавно да зборуваме за тоа
Американската амбасадорка Ангела Агелер и водителот и новинар Огнен Јанески во студиото на Радио МОФ разговараат за потребата од вклучување на маргинализираните групи во општествените процеси, како современата дипломатија може да го подобри статусот на ЛГБТИ заедницата и како САД придонесува ова. Амбасадорката открива кои се најголемите предизвици со кои се соочила како дипломатка во областа на маргинализацијата во земјите со различни култури како и за тоа колку е важна улогата на лидерите и дипломатите за справување со нееднаквостите во општеството.
„Жените се маргинализирани уште од самиот почеток на времето и има многу заедници каде тоа се’ уште се случува и борбата на глобално ниво се’ уште трае вклучително и во Соединетите Американски држави. Затоа, ајде да зборуваме за тоа. Зошто луѓето со плашат од поединци кои се различни од нив и зошто потоа преземаат одредени активности против нив?“, прашува Агелер.
3.Годинава само 4 стипендии за студентите на општествени постдипломски студии, УСС од МОН бара преразгледување на бројот
Националното студентско тело и студентската правобранителка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) Савче Ѓошева поднесоа официјално барање до Министерството за образование и наука (МОН) за преразгледување на бројот на стипендии за студентите на втор и трет циклус (постдипломски) студии од општествените науки за академската 2024/2025 година. Годинава бројот на стипендии за ова научно подрачје се сведува на 4, наспроти минатогодишните 10.
„Оваа бројка е несразмерно помала во споредба со стипендиите за техничко-технолошките и природно-математичките науки, кои остануваат на високо ниво, иако минатата година биле пополнети само 24 од вкупно 40 предвидени стипендии за овие области. Со овој значителен пад на стипендиите за општествените науки, се ограничува можноста на студентите од оваа област да добијат неопходна финансиска поддршка за нивните студии“, истакнува Ѓошева.
4.[Инфографик] Кој земаше највисока, а кој најниска плата во август
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во август 2024 година, изнесува 41.097 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС).
Според податоците, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во август 2024 година, во однос на август 2023 година, изнесува 112.9.
[Инфографик] Кој земаше највисока, а кој најниска плата во август
5.Националното студентско тело најавува проект кој ќе ги поддржува младите за стартапи, сопствени бизниси или продолжување на студиите
Национално студентско тело и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи го лансираат проектот „Младите создаваат во својата земја“
Оваа иницијатива, велат од Националното студентско тело, има за цел да одговори на актуелните предизвици со одливот на млади таленти од земјата, нудејќи конкретни мерки за финансиска и институционална поддршка на младите дипломци во Македонија.