Најмалку 51 лице загина во поплавите што ја погодија југоисточна Шпанија, пренесува Ал Џазира Балканс. Првиот човек на регионот Валенсија, Карлос Мазон, потврди дека службите за итна помош ги пронашле мртвите тела, но дека поради почит кон семејствата нема да даваат дополнителни информации.
Поројните дождови предизвикани од студениот фронт што се движи низ јужниот и источниот дел на земјата, вчера ги поплавија патиштата и градовите, поради што властите во најтешко погодените области ги советуваат граѓаните да останат дома и да ги избегнуваат сите несуштински патувања.
Големи поплави ја зафатија источна Шпанија, особено регионот Валенсија, поројните дождови предизвикаа хаос на патиштата, а службите трагаат по неколку исчезнати лица.
A woman and her pet were airlifted to safety in Valencia, after torrential rain caused deadly floods in parts of Spain.
Emergency workers are carrying out rescue operations in the worst-hit parts of Spain
Live updates: https://t.co/Ue8BYKCHyQ pic.twitter.com/TLQcVuecre
— Sky News (@SkyNews) October 30, 2024