[Подкаст] Медиумската писменост може да го сочува менталното здравје на младите во дигиталната ера

Какво влијание имаат социјалните мрежи врз животот на младите? Како да се сочува менталното здравје во дигиталната ера? Како влијае медиумската писменост врз процесот на рационално користење на социјалните мрежи?

На дел од овие прашања се фокусиравме во новиот подкаст, каде водителката и новинарка Симона Паскоска зборуваше со инфлуенсерката Александра Трпеска и психологот Верица Бакулеска.

Во продолжение погледнете го подкастот.

Со овој подкаст, Радио МОФ се приклучува на Деновите на медиумска писменост, организирани од Мрежата за медиумска писменост.