На 7 ноември (четврток) со почеток во 18 часот во излогот на Францускиот институт во Скопје ќе биде отворена на изложбата „Фото-графички експерименти“ на уметниците Ана Трајковска и Јана Луловска.
Според организаторите, овој проект е создаден и премиерно прикажан на настанот „Отворено ателје“ Париз.
Оваа изложба е во рамки на одбележувањето на 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје.
Изложбата ќе остане отворена до крајот на годината.
Повеќе детали може да најдете ТУКА.