Првиот серијал насловен „Ехо на нејзиното мастило“ на „Камера Опскура“, независен концепт кој ги истражува македонските поетеси низ историјата па досега, ќе се случи на 9 ноември, сабота, со почеток во 17 и 30 часот во „EDGE Specialty Coffee“.
„Нашите собири (со различни уметнички серии во иднина) симболично претставуваат еден мал отвор низ кој дозволуваме светлината да влезе во темниот простор“, велат Винсент Вилчник и Емануела Ковачевска Китановска, креаторките на „Камера Оскура“.
На првиот серијал, како што велат тие, ќе се дискутира за историјата на македонскoто женско поетско писмо, присутните ќе се запознаат меѓусебно и низ разговор и читање поезија ќе ги осветлуваат сенките на македонските поетеси.
„Добредојдени се вашите омилени приказни, поетеси, песни и книги“, додаваат тие.