Вардар филм дигитализира околу 400 ленти со радио драми, документари филмови, музика и репортажи

Во просториите на Народната установа Филмски центар Вардар филм започна дигитализација на аудио ленти од периодот 1940 – 2000 година кои биле зачувани во депото на Вардар филм.

Се работи за околу 400 ленти кои содржат радио драми, документарни филмови, македонска и албанска музика, репортажи и работни фајлови од филмските класици во продукција на Вардар филм.

„Процесот на дигитализација се одвива во колор грејдинг студиото кое е функционално и како нелинеарна видео монтажна станица и е по иницијатива на вработените на Вардар филм со цел да се зачува наследството на установата во целост и ќе трае неколку месеци. По обработка на сите ленти и физички забелешки кои следуваат со секоја од лентите, фајловите ќе бидат архивирани и попишани во дигитална дата база“, соопштија од Вардар филм.