Почина поетесата и писателка за деца Славка Арсова

Вчера, 5 ноември, почина Славка Арсова – поетеса и авторка за деца, родена на 3 јули 1934 година во Скопје, членка на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) од 1993 година.

„Арсова е авторка на петнаесетина збирки поезија, но попозната е по своето творештво за деца (‘Бисерчиња од детски глави’, Академски печат, 2017) и како основачка и организаторка на детскиот книжевен фестивал ‘Ракатки’“, информираат од ДПМ.

Погребот на Славка Арсова ќе се одржи во сабота на градските гробишта во Бутел, во 12 часот.